Почетна Вести Христијанство Рускиот шеф на црковната дипломатија ја предупреди Македонија да не ги повторува грешките на украинските власти во црковното прашање
Рускиот шеф на црковната дипломатија ја предупреди Македонија да не ги повторува грешките на украинските власти во црковното прашање

Рускиот шеф на црковната дипломатија ја предупреди Македонија да не ги повторува грешките на украинските власти во црковното прашање

2.28K
3

На 26 септември 2020 година, Митрополитот Иларион, претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, во интервју за Руските медими зборувал за најновата иницијатива на Македонија за барање на признавање на автокефалноста од  Вселенскиот Патријарх.

Изјавата на Иларион, ниту е слулчајна, ниту пак треба да се телкува како формална, со оглед на тоа дека доаѓа во едно интересно време кое најавува нови бранувања во православниот свет. Оваа изјава на шефот на руската црковна дипломатија, за кој Вселенскиот патријарх минатат година зборуваше дека ја ина функцијата на критичар за Вселенската Патријаршија, покажува дека Руската Црква е сосема свесна дека Вселенската патријаршија ќе го продолжи процесот за признавање на МПЦ-ОА. Она што сепак е интересно во оваа изјава на Иларион, е споредбата што тој ја прави на украинскиото со макеодонското црковно прашање, иако тоа е тотално неспорделиво. Една од причините е што тамошниот раскол, освен што е црковен е и во голема мера етнички, меѓу Украинци и Руси, што не е случај во Македонијан.  Во голема мера таа може да се толкува како обид за навестување за евентуално создавање на таква состобна во Македонија.

Но што вели Иралион на прашањето за испратените писма од Македонија до Вселенскиот патријарх

-Не би сакал да давам никакви предвидувања за понатамошните постапки на патријархот Вартоломеј, но гледаме до што доведе легализацијата на поделбата во Украина. Тој им вети на сите таму – и на властите на земјата и на црковните водачи – дека ќе има исцелување на расколот, дека сите православни ќе се обединат, но од самиот почеток беше јасно дека врз основа на она што тој го предложи да како обедиување, дека ова обединување не може да се случи. Затоа што едноставно да се стави канонската црква и оние расколници кои се бореа против канонската црква повеќе од четвртина век на исто ниво, да ги изедначат во правата, да ги измешаат во една организација и да кажат – изберете го вашиот водач, ова не значи лекување на расколот. Расколот може да се лекува само врз основа на црковните канони.

Го предупредивме патријархот Вартоломеј дека Неговата Светост Патријарх Кирил специјално отпатува во Истанбул со цел да се сретне со неговиот брат и да му објасни каква е реалната состојба. Тој не сакаше да го слуша гласот на Московската патријаршија, имаше наредба од тогашниот претседател на Украина Порошенко. За Порошенко тоа беше потребно во неговата изборна кампања, тој се надеваше дека со тоа ќе си обезбеди политичка иднина за себе. Кога некој политичар игра на црковна карта, и го прави тоа на таков начин што всушност оди против сопствениот народ, тоа нема да заврши добро за него.

Гледаме што се случи во Украина. Гледаме каква беше политичката судбина на Порошенко. Гледаме дека поделбата не само што не е залечена, туку, напротив, се продлабочува. И многу се надевам дека нема да се случи истото во Северна Македонија што се случи во Украина, изјавил Иларион за руските медиуми.

Коментар(3)

  1. Митрополитот Илирион прави огромна грешка.Православните христијани пред бога се еднакви и како такви треба да живеат и на земскиот живот! За признавањето на Македонската Православна црква Охритска Архипескопија од Вселенската Патријашија и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во духот на православито треба да го подржат. Православието ќе оди напред само со обединување.Напорите на вселенскиот патријарх се за поздравување и подшка па и од Московската патријашија!На грешните и нивните гревови треба на бог да му се остави да суди!Што се однесува по прашањето на политичарите во целос се сложувам !!!

  2. Da si ziv i zfrav avtore na ovoj tekst, pa istoto ti go velam i jas vo komentarot na tekstot po povod na pismata od Zaev i Pendarovski do Vartolomej,a istoto ti go rekov i koga lazniot vladika na MPC (Petar) lazese deka Moskovskiot patrijarh ke posreduva vo sporot pomedju SPC i MPC za priznavanjeto na avtokefalnosta na MPC, mi se cini daka tekstot moj bese vo smisla deka dladna kokoska proso sonuva, i deka ke pocnat pregovorite pomedji SPC i MPC koji ke bidat kako pregpvori na gluv i mem. Pa te molam, koi se tie crkovni avtoriteti – Zaev i Pendarovski, ta na nivna,, molba* na eden raskolnicki podlavar da i toa ni malo ni vese, tuku fanariotot Vartolomej fa *dade* – dlej cudo- avtokefalnost- smesno i zalosno. Ti kazuva deka toj nema pravo da dava avtokefalnost na nikoja crkva, pa ne ni na MPC. Dzabe Zaev i Pendarovdki si trosat mastilo za pismata do Vartolomej., no za niv nee e cudo, tie se laici za teologija i crkva, kako sto e i toj nekoj si Mojanovski,, tuku e cudo za vladikite na MPC sto se zanesuvaat vo toa. Na niv ne im ostanuva nisto drugo, nego da mu se izvinat na Vaniskovski i da mu baknat raka i da si go praznat za poglavar, a POA da si bide priznaena kako avtokefalna crkva kako sto ustvari e i avtokefalna, priznaena o celiot pravoslaven dvet. Drug izlez nema za crkvata vo Severma Makedonija koja kako MPC ne ja spomnuvaat nitu Zaev, nitu Prdarovski.

  3. Sega ova za Zaev i Prdarovski znaci – dzabe ste krecile, ili bumkvalno dzabe ste trosile mastilo i papir.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *