Почетна Политичка теологија Рускиот Патријарх: Законите напишани без морални вредности се штетни и некорисни
Рускиот Патријарх: Законите напишани без морални вредности се штетни и некорисни

Рускиот Патријарх: Законите напишани без морални вредности се штетни и некорисни

101
0

-Јас сум убеден дека вистинската вредност на законот се покажува тогаш кога тој е втемелен на моралното чувство на човекот, кога правните норми се совпаѓаат со гласот на совеста на човекот. Законот којшто ја изгубил врската со моралната природа на човекот, не поттикнува одѕив во срцето и станува бесполезен или дури и штетен за човечкото општество, ова го изјавил Рускиот Патријарх Кирил на седница на меѓупарламентарниот сојуз во Санкт Петербург, посочувајќи дека „Нема никакви основи за мислењето дека човечката совест, мотивацијата на човечките постапки немаат апсолутно никакво значење, поточно дека тие не засегаат никого надвор од личниот живот на човекот.

-Божем најбитно е човекот да го почитува законот, а сѐ останато е второстепено, рекол Рускиот Патријарх.

-Таквиот закон може да почне да ги заштитува пороците и во краен случај да доведе до морална деградација на општеството. Ние се сеќаваме како во минатиот век во нашата земја се обидуваа да создадат ’нов човек‘, заменувајќи ги природните норми со идеолошка целесообразност, облечена во форма на закон. За жал, идеите за подобрување на човекот во согласност со идеологиите не умреа. И денес, оддалечувањето на законот од моралот, доведува до тоа, жално, за првпат во историјата на човештвото за законска норма да се признава тоа што традиционално се сметало за нарушување на моралните основи. И тоа е исто така резултат на признавањето на универзалноста на идеолошките вредности, а не на суштинските вредности засновани на моралот“, заклучил Патријархот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *