Почетна Вести Европа Рускиот патријарх прекина да го споменува Вселенскиот патријарх во литургиите
Рускиот патријарх прекина да го споменува Вселенскиот патријарх во литургиите

Рускиот патријарх прекина да го споменува Вселенскиот патријарх во литургиите

263
1

Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил прекина да го спомнува Вселенскиот Патријарх Г. Вартоломеј, за време на литургиите.

Сепак, одлука за прекин на општењето меѓу двете цркви засега нема.

-Св. Синод на РПЦ во денешната вонредна седница, одлучи да прекине да го спомнува Патријархот Вартоломеј и општењето со јерарси на Патријаршијата, изјавил меѓу другото митрополитот Волоколамски г. Иларион, шеф на црковната дипломатија на РПЦ-МП.

Исто така во соопштението на Московската Патријаршија стои дека “ги повлекува сите комисии во теолошките дијалози кои се одвиваат под претседателство или сопретседателство на Вселенскиот Патријарх”

Од своја страна, секретарот на Патријархот Кирил, о. Александар Волков, меѓу другото истакна дека “евкаристиското општење помеѓу двете цркви не прекинува.

Прекинот на спомнувањето значи дека патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил, ќе престане да го спомнува името на Вселенскиот Патријарх Г. Вартоломеј за време на Светата Литургија.

Св. Синод на РПЦ-МП ќе испрати жалба до поглаварите на Помесните Цркви за да го разгледаат ова прашање, додека во храмовите ќе ги зголеми молитвите за единство меѓу Црквите.

Односите меѓу Руската Црква и Вселенската Патријаршија се заострија откако Вселенскиот патријарх назначи двајца владици како егзарси во Украина, со цел да го подготват теренот за признавање на автокефална украинска црква.

Руската црква на тоа остро се спротивстави.

Коментар(1)

  1. Дали ова значи дека Гордата Руска црква влезе во раскол!
    Не ја споменуваат ниту МПЦ ,со оваа постапка потврдуваат дека духот диши каде што сака и не зависи од некој“` а грешна земја со бела брада a МПЦ не е во раскол само затоа што не го споменуваат архиепископот на литургиите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *