Почетна Вести Регион Рускиот патријарх овој викенд во историска посета на Албанија
Рускиот патријарх овој викенд во историска посета на Албанија

Рускиот патријарх овој викенд во историска посета на Албанија

66
0

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил од 28-30 април ќе биде во официјална посета на Албанија, како н на Албанска Православна Автокефална Црква.

Црквата во Албанија оваа прва историска посета ја оценува како особено важна, бидејќи и двете Цркви преживеаја жестоко комунистичко-атеистичко прогонство.

Според официјалната агенда во сабота 28 Април на 16:00 часот Поглаварот на Албанската православна афтокефална црква, Анастасиј во придружба на членовите на Светиот Архиерејски Синод ќе го пречека Патријархот Кирил на меѓународниот аеродром “Мајка Тереза” во Тирана. Потоа ќе има литургија во соборниот храм “Воскресение Христово” – во Тирана.

Следниот ден на 29 април, во утринските часови, двајцата поглаварите ќе служат литургија во соборниот храм “Воскресение Христово”- во Тирана со учество на свештеници на двете Цркви.

Подоцна, Албанска Православна Автокефална Црква ќе биде домаќин на официјалниот ручек во хотелот МАК Албани.

Истиот ден во 18 часот, ќе биде организирана културна прослава во Културниот центар на соборниот храм “Воскресение Христово”- во Тирана. Ќе биде промовирана и книгата на Поглаварот на Албанската православна афтокефална црква, “До краиштата на земјата.” на Руски јазик.

Во Божествената Литургија и во свеченото шоу, ќе учествува и Синодскиот хор на Московската Патријаршија.

Во неделата вечерта, Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, ќе организира официална вечера во палатата на бригадата.

Во понеделникот 30 април, Патријархот московски и на цела Русија, Кирил ќе има официални средби со претседателот на Албанија, и со премиерот Еди Рама, при крај на посетата ќе го посети и манастирот Св. Влаш во близина на Драч и Православната духовна академија “Воскресение Христово”.

Заминувањето на Патријархот московски и на цела Русија, Кирил од меѓународниот аеродром “Мајка Тереза” ке биде во 14.00 часот. – стои во сопштението на Албанска Православна Автокефална Црква.

/vesnik-ilinden.com

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *