Почетна Вести Регион Рускиот патријарх Кирил разочаран од Софија се врати во Москва – Бугарија не ја ценела Русија
Рускиот патријарх Кирил разочаран од Софија се врати во Москва – Бугарија не ја ценела Русија

Рускиот патријарх Кирил разочаран од Софија се врати во Москва – Бугарија не ја ценела Русија

319
0

Рускиот патријарх Кирил по тридневната посета на Бугарија во Москва се врати разочаран од односот на бугарските власти кон Русија. Патријархот Кирил бил огорчен од моментот кога дознал дека во Бугарија нема никаква почит кон заслугите што Русија ги имала за бугарската државност

-Постојат многу позитивни работи кои што ги видов за време на мојата посета на Бугарија, но постојат и работи поради кои што сум огорчен. Многу сум лут на официјалната реторика на претставниците на државата. Кажано е дека во ослободувањето на Бугарија учествувала Финска, но тоа бил полк на руската војска во Финска. Историјата на ослободувањето на Бугарија е испишана со руска крв, порача патријархот Кирил.

Според неговите зборови, ниту една политичка реторика не може да ја оправда лажната историска интерпретација.

-Светлата страна на мојата посета на Бугарија се однесува на познатото брдо Шипка – таму не видов фински, полски или романски знамиња, туку само руско и бугарско знаме. Јас сум длабоко уверен дека негативните политички говори ќе поминат, а вредностите на нашата заедничка историја, ослободителната војна и жртвата на рускиот народ за Бугарија да стане слободна, засекогаш ќе бидат сочувани во сеќавањата на нашите народи“, изјави патријархот Кирил.

Прашан да даде коментар за состанокот со бугарскиот претседател, рускиот патријарх одговорил:

-Претседателот ме импресионираше, многу е паметен, православен човек кој што ја сака својата земја. Ми се чини дека е отворен за дијалог со Русија.

Патријархот Кирил зборуваше и за односите помеѓу руската и бугарската црква и им се заблагодари на своите бугарски колеги за братската љубов и взаемното разбирање.

-Нашите две цркви се единствениот вистински духовен историски мост кој што денес ги обединува нашите народи и многу е важно овој мост да опстане“, порача рускиот патријарх Кирил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *