Почетна Вести Европа Рускиот патријарх Кирил го освети новиот воен храм, го нема мозаикот на Путин (ВИДЕО)

Рускиот патријарх Кирил го освети новиот воен храм, го нема мозаикот на Путин (ВИДЕО)

608
0

Рускиот патријарх Кирил денеска ја  освети новата главна воена катедрала, изградена за одбележување на 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа.

На церемонијата присуствуваа верски водачи, министерот за одбрана Сергеј Шогу, гости и стотици војници.

Катедралата на руските вооружени сили е изградена во Патриотски парк во московското предградие Кубинка.

Меѓутоа, во катедралата го нема мозаикот на рускиот претседател Владимир Путин и други високи функционери, како што беше претходно најавено. Требаше да се направат како дел од руската анексија на Крим во 2014 година, но се откажале откако се појавија критики дека се слави култот на личноста на Путин.

Катедралата требаше да биде осветена на 9 мај, кога во Русија се слави Денот на победата, но е одложено поради пандемијата на коронавирус, како и голема воена парада на Црвениот плоштад, што ќе се одржи на 24 јуни.

Катедралата чинела 86 милиони долари, пренесуваат руските медиуми.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *