Почетна Вести Рускиот патријарх ја освети грандиозната црква во центарот на Париз

Рускиот патријарх ја освети грандиозната црква во центарот на Париз

339
0

Московскиот и на цела Русија патријарх Кирил го освети новиот руски храм во Париз, посветена на “Св. Троица”.

ruska-crkva-parizСо него сослужуваа митрополитот за Франција од Вселенска патријаршија Емануел, како и митрополитот за Франција на Антиохиската патријаршија Игнатиј, романскиот Западно и јужноевропски митрополит Јосиф, како и многу руски епископи и клирици.

Во говорот патријархот Кирил му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот претседател на Франција Никола Саркози и актуелниот претседател на земјата Франоса Оланд, за позитивната одлука да се реализира изградбата на овој храм.

Идејата за изградба на руски храм во срцето на француската престолнина беше на Рускиот патријарх Алексиј II, што тој ја предложи за време на посетата во Франција во 2007 година. Изградбата на комплексот, кој опфаќа четири згради, почна пред само две години, бидејќи француските власти долго време не ги одобруваа предложените архитектонски проекти. Рускиот духовен и културен центар е лоциран на површина од 4.000 квадратни.

Мерките за безбедност на Рускиот патријарх за време на церемонијата беа огромни.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *