Почетна Вести РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ: Гревот против природата е грев против Бога
РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ: Гревот против природата е грев против Бога

РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ: Гревот против природата е грев против Бога

122
0

-Созданието – тоа е сѐ она што нѐ опкружува, природата, животните, воздухот, чистата вода, тоа е она што човекот може неповратно да го уништи, доколку неговиот стремеж биде голем, доколку алчноста човечка победи. Ако се случи победа на гревот, тогаш и целото Божјо создание, сиот свет Божји ќе биде разрушен, ќе настанат војни, и сѐ поради тоа што човекот, грешниот човек, ќе граба повеќе од она што му е неопходно. Така поради гревовна потреба се трошат ресурсите на земјата, а како резултат на тоа се загрозуваат воздухот и водата, исчезнуваат дивите животни. Заради нашиот стремеж да живееме што покомфорно, ние го губиме најдрагоценото што Бог ни го дал – Земјата, изјавил Рускиот Патријарх Кирил на молебенот што РПЦ на 4 септември го прави во сите свои храмови, а посветен на зачувување на Божјото создание.

Kiril Patrijarh-Сѐ повеќе и повеќе луѓе ги разбираат моралните причини за таканаречената еколошка криза. И Црквата, осознавајќи ги причините за уништување на животната средина, ги повикува сите свои чеда, секоја година во првата недела од месец септември да се молат за зачувување на Божјото создание. Ние извршуваме молитвено обраќање и просиме сили од Господа за да живееме така што нема да се вртиме против Неговата волја, да не го уништуваме светот што Он го создал, да живееме онака за и самата природа да може да живее, за и човекот, кој господари над природата, да не ја уништува и да верува дека Господ заради молитвите на Црквата ќе им помогне на многу луѓе да разберат, дека гревот против природата е грев против Бога“, истакнал Патријархот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *