Почетна Вести Регион Рускиот патријарх го смени претставникот на Руската црква во Софија
Рускиот патријарх го смени претставникот на Руската црква во Софија

Рускиот патријарх го смени претставникот на Руската црква во Софија

202
0

Синод на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија, експресно го разреши од функцијата претставникот на Руската Црква во Софија. Веднаш по враќањето во Москва, Московскиот и на цела Русија патријарх Кирил предложил разрешување на архимандрит Филип (Василцев) и од Софија бил испратен на Блискиот Исток како претставник на руското подворје во Бејрут, главниот град на Либан.

Бугарските медиуми пишуваат дека станува збор за невообичаен потег на Руската црква и одлуката ја поврзуваат со разочараноста што Патријархот Кирил ја доживеа во Софија, за која и јавно зборуваше пред бугарскиот претседател Румен Радев.

Одлуката за разрешувањето на рускиот претставник во Софија е веднаш објавена на сајтот на Руската црква и како што пишува највлијателниот верски портал во Бугарија, Двери.бг, во таа одлука изостанува вообичаената благодарност до архимандритот Филип за своите активности во Софија.

За нов претставник на руското подворје во Софија е назначен архимандрит Васил (Змеев), досега патријаршиски претставник во белоруската егзархија.

/двери.бг

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *