Почетна Вести Рускиот патријарх ги кани поглаварите на роденден во Москва
Рускиот патријарх ги кани поглаварите на роденден во Москва

Рускиот патријарх ги кани поглаварите на роденден во Москва

300
0

Рускиот Патријарх Кирил ги кани сите поглавари на 13-те помесни автокефални цркви на неговиот роденден, што планира да го одбележи на 20 ноември оваа година. Поглаварот на Руската православна црква полни 70 години и овој јубилеј замислил да го одбележи со присуство на сите поглавари.

kiril-patrijarhИако родендените на поглаварите обично не се одбележуваат официјално, сепак во Русија, јубилејот на Патријархот ќе биде прославен со големи торжества.

Грчкиот портал „Отродоксија инфо“, кој ја објави веста, посочува дека се уште нема информации кои поглавари ќе одговорат на поканата и лично ќе допатуваат во Москва, а кои ќе испратат претставници.

Порталот пишува дека Атинскиот Архиепископ Јероним нема да присуствува лично, туку ќе испрати три члена делегација којашто ќе ја претставува Грчката Црква.

Медиумите овој потег на Рускиот патријарх го оценуваат како прв обид на Руската Црква, после Соборот на Крит, да излезе од изолацијата во којашто западна.

Средбата ќе им даде можност на присутните да ја разгледаат и ситуацијата по Соборот, а најмногу на Московската Патријаршија да ги изложи своите приоритети и мислење за кризата.

За сега нема информации за тоа дали ќе има некаква седница на претставниците на Помесните Цркви, или домаќинот и гостите во своите обраќања ќе треба да ги изразат своите ставови за општоправославните прашања, меѓу кои на прво место е единството на Православната Црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *