Почетна Вести Европа Рускиот патријарх допатува во Истанбул – почна историската средба
Рускиот патријарх допатува во Истанбул – почна историската средба

Рускиот патријарх допатува во Истанбул – почна историската средба

223
0

Денеска во Истанбул, рано наутро почна средбата на Рускиот патријарх Кирил и Вселенскиот патријарх Вартоломеј, а главна тема на состанокот создавање на независна Украинска црква.

Според најавите средбата ќе трае и неколку часа. Поглаварот на Руската Црква е во придруша на шефот за црковна дипломатија на РПЦ, Иларион Алфеев.

Вселенскиот Патријарх го пречека Патријархот Московски на Фанар, изразувајќи ја радоста за оваа посета.

”Среќни сме што тука во Вселенската Патријаршија е Неговото Блаженство и Светост Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил. Ќе имаме можност да разговараме за прашања од заеднички интерес “, кратко изјавил вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на пречекот на руската делагација во Фанар.

-Ние веруваме во дијалогот, бидејќи кога политичките лидери преку дијалог се обидуваат да ги решат проблемите на нивните земји, многу повеќе ние, верските водачи треба да го користиме овој инструмент за дијалог за да се решат постоечките проблеми, потенцирал Вартоломеј.

-Секој пат кога нашите цркви се соочуваат со проблеми кои се јавуваат со помош на Бога наоѓавме одговори и знаевме како да се справиме со овие проблеми ” изјави рускиот патријарх Кирил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *