
212
0
Синодот на Бугарската православна црква го повика Рускиот патријарх, Кирил да допатува во Софија на 26 февруари, денот на канонизација на новиот Светец, Св. Серафим, кога ќе се одржи торжествено чествување на неговиот спомен.
Бугарските владици сметаат дека овој ден ќе биде голем ден за Бугарската и Руската црква.
Минатата недела Соборот на Руската православна црква, каде учествуваше и делегација на БПЦ, одлучи да го прогласи за Светец, Серафим Соболев, Архиепископ на РПЦ, кој по прогонот во октомвриската револуција, живеел во Бугарија.
Процесот за негово прогласување за светец е дело на Бугарската и на Руската православна црква. „Светиот Серафим“ е почитуван од сите православни цркви.