Почетна Вести Европа Рускиот патријарх дециден: Киев е наш Ерусалим
Рускиот патријарх дециден: Киев е наш Ерусалим

Рускиот патријарх дециден: Киев е наш Ерусалим

156
0

Рускиот патријарх Кирил бил многу дециден пред претставници на другите помесни православни цркви, кои минатата недела беа во Москва за чествување на јубилејот од неговото интронизирање за поглавар на РПЦ, дека Руската црква никогаш нема да се откаже од Киев, а со тоа дека никогаш нека да признае, ниту пак да даде автокефалност во Украина.

Рускиот патријарх го споредил Киев со Ерусалим, односно дека Киев е почетокот на руското православие.

-Украина не е периферија на нашата црква. Ние го нарекуваме „Киев-мајка на руските градови“. За нас Киев е она што за многумина е Ерусалим. Од таму почнува руското православие и под никакви услови ние не можеме да се откажеме од таа историска и духовна врска. На тие духовни врски се гради единството на целата наша помесна црква, изјавил Рускиот патријарх Кирил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *