Рускиот патријах без одлука на Синодот разрешува непослушни владици

Date:

Share post:

Касно вечерта на 8 ноември рускиот патријарх Кирил ненадејно го разреши патријаршискиот егзарх за Западна Европа – Корсунскиот митрополит, надлежен за Шпанско-Португалските епархии и парохиите на РПЦ во Италија – Нестор (Сиротенко), „во врска со започната црковно-судска постапка против него“. Привремено управувањето со сите овие црковни структури му е доверено на Рјазанскиот митрополит Марк, кој минатата година ја презеде и Будапештанско-унгарската епархија на РПЦ по отстранувањето на митрополит Иларион Алфеев поради сексуален скандал.

Упатени коментираат дека патријархот има право да разреши патријаршиски егзарх, но нема право да лиши митрополит од неговата епархија без одлука на Св. Синод, врз основа на спроведен Висок севкупноцрковен суд. Но, во услови на диктатура во земјата, таквиот стил на управување се пренесува и во Црквата.

Митрополит Нестор (Сиротенко) има 51 година и повеќе од 20 години служи во Франција и Шпанија. За сите овие години неговото име не било поврзано со скандали, а мислењата за него меѓу верниците и свештенството во неговата обемна епархија (Корсунска во Франција, Сурожска во Англија, Белгиска, Холандска, Шпанско-Португалска и парохиите во Италија) биле позитивни. Во епархијата има големо незадоволство и во повеќе парохии се изразува подготвеност да се напушти РПЦ и да се премине под јурисдикција на Вселенската патријаршија. Во храмот „Св. Троица“ во Париз веќе се собираат потписи во негова поддршка.

По инвазијата на руската армија во Украина во февруари 2022 г., тој објави заедничка декларација со претставник на Конференцијата на католичките епископи во Шпанија, во која се осудуваат дејствијата на Руската Федерација на територијата на суверена Украина. Документот започнува со изразено „сочувство кон нашите православни браќа, католици и луѓе од сите вери во врска со руската инвазија врз Украина“. Се потсетува на евангелските заповеди против војна и насилство и се упатува повик „да престане насилството и варварството, совеста да го чуе Божјиот глас Кој го отфрла злото и војната“. Подоцна тој благ меко се однесуваше и кон протојереј Андреј Кордочкин од Мадрид, кој беше лично отстранет од патријархот, заобиколувајќи го него како надлежен архиереј. Но митрополит Нестор не ја следеше официјалната линија од Москва и долго време го заштитуваше, и покрај притисокот, што тогаш го предизвика гневот на (тогаш) најагресивниот поборник на војната – „африканскиот егзарх“ митрополит Леонид (Горбачов). Во февруари 2023 г. викарниот епископ на митрополит Нестор – Петар (Прутјану), даде интервју за католички медиум, каде повторно изрази сочувство кон Украина (што е забрането за руски клирици) и надеж дека по завршувањето на војната сите разгранувања на украинското православие ќе се обединат во рамките на независна (автокефална) Црква.

Во тој дух беше и неодамнешната неофицијална средба на митрополит Нестор со познатиот архиереј на автокефалната ПЦУ – митрополит Александар Драбинко, кој во Москва го нарекуваат „расколник“, „националист“ и „предавник“, бидејќи до 2018 г. беше јерарх на Московската патријаршија и имаше раководни функции во нејзината украинска структура.

Во руската слободна преса се појави информација дека формалниот повод за отстранувањето на митрополит Нестор било неговото учество на меѓународни покер турнири под знамињата на Русија и Франција, каде настапувал под своето световно име Евгениј Сиротенко. Минатата година го зазел 20-тото место на шампионатот на Франција, а ова септември на друг меѓународен турнир стигнал до третото место. Според официјалната статистика на „The Hendon Mob“, неговата вкупна заработка од турнири надминува 47 илјади долари, а најголемата поединечна е над 8 илјади. Овие податоци се јавно достапни. Пресвртот доаѓа кога пред неколку недели митрополит Нестор учествувал на турнир во Чешка и таму се сретнал со „во изгнанство испратениот“ во Карлови Вари митрополит Иларион (Алфеев). Митрополит Нестор беше член на комисијата што ги истражуваше обвиненијата против Иларион (Алфеев).

Според неофицијални информации, Иларион моментално се наоѓа во Москва, како дел од кампања за негова рехабилитација и обид да добие нова висока позиција во РПЦ. Ова се случува во услови на бран написи против него во чешката преса и шпекулации дека чешките власти, кои го сметаат храмот на РПЦ во Карлови Вари за прикритие на руски тајни служби, планираат да го прогласат поранешниот „министер за надворешни работи“ на РПЦ за персона нон грата, како што веќе го направија со старешината на тој храм, протојерејот Николај Лишченјук.

Според ѓакон Андреј Кураев, обвиненијата против митрополит Нестор ќе се темелат на канони кои одамна не се почитуваат (42 апостолско правило забранува епископ да игра коцкарски игри, а 50-тото правило на Лаодикијскиот собор забранува клирици да посетуваат места каде што се играат такви игри). Тој потсетува дека во дореволуционерната Руска црква преферансот бил распространета форма на „свештеничка забава“ и дека без учество во таква игра било речиси невозможно да се создадат потребните врски и да се стекне доверба во светските кругови. Во исто време, не еден и двајца митрополити останале без канонски последици и покрај груби и јавни геј-скандали и други недозволиви постапки.

Сега, на местото на влијателниот митрополит ќе биде назначен друг човек, лојален на актуелната политика на Москва, што е од исклучително значење за РПЦ во услови на „ладна војна“ со Западот. „На крајот, Руската православна црква се покажа како сигурна тврдина на руските интереси таму каде што пристапот на обичните руски чиновници и разузнавачи веќе е сериозно ограничен. Во тој контекст замената на умерениот егзарх на РПЦ во Париз со некој по-лојален кон Лубјанка изгледа сосема логична“, завршува текстот на „Новаја газета Европа“ посветен на овој случај.

/двери.бг

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Научна конференција по повод 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Софија

На Богословскиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи научна конференција под наслов „In unum...

Собранието на епископите на САД: „Забрзан раст на Православието во Америка“

Собранието на канонските православни епископи на Соединетите Американски Држави се собра во Денвер, Колорадо, од 6 до 8...

Архиепископот на Австралија Макариј доби почесен докторат од Универзитетот во Тесалија

Со свечена академска церемонија во Лариса на 11 ноември, Архиепископот на Австралија, г. Макаријос, беше одликуван со почесен...

Расте заинтересираноста за Православието во Шведска

Попладнето на 6 ноември 2025 година, во гостопримливите простории на катедралата „Св. Георгиј“ во Стокхолм, се одржа четвртата...