Рускиот Паријарх му се заблагодари на владиката Агатангел

Date:

Share post:

Претседателот на одделот за надоврешни комуникации на Руската Црква, Иларион Алфеев, во има не Рускиот патријарх Кири и Руската православна црква, му се заблагодарил на Повардарскиот митрополит Агатангел за преводот и издавањето на книгата посветена на руското царско семејство Романови „Љубовта е посилна од смртта“, на македонски јазик.

Алфеев испратил благодарница до Митроплитот Агатангел, во која го ословува како Негово Всокопреосвештенство, со полната титула Митрополит Повардарски.

Во продолжение текстот на телеграмата:

До Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел!

Ваше Високопреосвештенство!

Со благослов на Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија, г. Кирил, Ви ја пренесувам благодарноста од Поглаварот на Руската Православна Црква за примерокот од книгата „Романови – Љубовта е посилна од смртта“, која Вие му ја подаривте на Неговата Светост, а исто така за топлите зборови од вас, кои беа напишани во дарствениот натпис.

Ви посакувам мир и крепко здравје во иднина.

Со љубов во Господа,

Претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија,

Митрополит Волоколамски Иларион

blagodarnicarpc

Инаку оваа книга е издадена во октомври 2015 година, а преводот на оваа книга го направи свештеникот Борислав Бобевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Пимен, Георгиј и архимандритот Гаврил служеа во Пјаченца, Италија

Митрополитите Пимен и Георгиј, заедно со архимандритот Гаврил од Австралсико-сиднејската епархија, отслужија литургија во Пјаченца, Италија. Сослужувањето е во...

Српската дијаспора со комеморации за жртвите од Нови Сад: Митрополитот Григорије меѓу присутните

Српската дијаспора ширум светот – од Европа и Северна Америка, преку Австралија, до Азија – денес организира синхронизирани...

Во Соборниот храм донесена честица од моштите на Свети Климент Римски

Честица од моштите на Свети Климент Папа Римски биле донесени во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Моштите...

Скандал на Закинтос: Митрополит јавно понижи наставник поради облека во црква

Бура од реакции предизвика на грчкиот остров Закинтос јавното понижување на наставник и директор на училиште од страна...