Почетна Вести Европа Рускиот митрополит Тихон: Лажат оние кои велат дека во храмовите не можете да се заразите
Рускиот митрополит Тихон: Лажат оние кои велат дека во храмовите не можете да се заразите

Рускиот митрополит Тихон: Лажат оние кои велат дека во храмовите не можете да се заразите

3.16K
0

Митрополитот Тихон од Руската православна црква за време на неделната проповед зборувајќи им на верниците од неговата епархија рекол дека не сака да ги плаши верниците, ниту да им предизвикува паника, но дека треба да знаат дека се наоѓаат како во услови на нова светска војна меѓу човештвото и злото наречено коронавирус.

-Ако некој мисли дека преувеличувам, нека си спомне за следното. Во Италија првиот заразен беше на 20 февруари. На 20 март секој ден веќе умираат стотици, како и денеска по 700 до 800 луѓе кои секојдневно умираат. Мој пријател, православен христијанин, кој живее во мало градче со неколку илјади луѓе ми кажа: Ние не веруваме дека тоа може да се случи. Во нашето градче умира цело едно поколение – сите над 70 години. За среќа кај нас во оваа област се уште нема смртни случаи. Знаете ли дека нашето население овде е на средна возраст, баби дедовци. Младите од Москва и Петерзбург доаѓаат, а може да се преносители. Зато јас ги повикувам тие млади луѓе да не доаѓаат извесно време во нашиот манастир. Тие кои велат дека во храмовите и манастирите нее е можно да се заразиш, лажат. Тие се нечестиви. Затоа што лагата е безчестност, рекол митрополитот Тихон.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *