Верници од Руската православна црква се обратиле кон Патријархот Кирил со барање да ја повлече одлуката на Св. Синод на РЦП за престанок на евхаристиската заедница со Вселенска патријаршија.
Иницијативата е на јавните деец и новинар Сегреј Чапнин, поранешен одговорен уредник на “Журнал на Московската Патријаршија”. Иницијативата ја потпишале и други верници, како историчарот Андреј Зубов, преведувачката Ласира Волохонска-Пивир и др.
-Ние внимателно го разгледавме обемното објаснување на оваа одлука, но, за жал, тоа не е задоволително за нас. Повторно, не можеме да ги видиме евангелските мотиви во овие постапки, стои во иницијативата.
Авторите укажуваат дека одлуките на Вселенскиот патријарх не се упатени против Руската православна црква и инсистираат на тоа дека црквата е независна од државата, и на прво место Украина, во целосна согласност со православната традиција, може да претендира за автокефална статус.