
Цариградската патријаршија се обидува да воспостави диктатура во односите со другите 13 помесни православни Цркви, одбивајќи го предлогот на Руската Православна Црква да се одржи итен состанок пред Сеправославниот Собор. Ова сериозно обвинување на адреса на Вселенскиот патријарх Вартоломеј го испраќа вонредниот професор на Факултетот за историја на Универзитетот во Санкт Петербург ѓакон Владимир Василик.
-Од Цариград беше побарано да се направи итна работна сесија и не само ние, туку и и Бугарската и Антиохиската црква и монасите на Света Гора, но наспроти тоа бирократите на Вселенската патријаршија со магарешки инает надмено ги презира своите браќа и покажува дека не се подготвени да направат ништо и одат против вољата на мнозинството на Православната црква, што пак покажува дека тие сакаат да воспостават диктатура на Цариград во Православието, изјавил за итер ТАСС, професорот Василик.
Тој оценува дека многу факти го потврдуваат ваквиот однос на Цариград, особено постапките со кои Вартоломеј сака да си го задржи правото да универзална јурисдикција, да има право да дава и зема автокефална, тоа е, да не го контролира ниту една Православна Црква, вели Василик.
/ИТЕРТАСС