Почетна Вести Христијанство Руски архимандрит служел молебен за загинати руски војници во Скопје
Ruska skopje 6
Ruska skopje 5
Ruska skopje 4
Ruska skopje 3
Ruska skopje 2
Ruska skopje

Руски архимандрит служел молебен за загинати руски војници во Скопје

616
0

Настојателот на Подворјето на Руската Православна Црква во Софија, Архимандритот Васијан (Змеев) вчера бил во Скопје и служел молебен за помен на руските војници загинати во сите војни во параклисот на “Свети Ѓеоргиј Победоносец“ до црквата што во руски стил се гради во Аеродром. Заедно со него бил и уште еден претставник на Руската Православна Црква.

Настанот бил во организација на Руската Амбасада, а манифестацијата била наречена „Бесмртен полк“.

На настанот како гостин бил и Владиката Агатангел, но и свештеници на МПЦ-ОА, но тие не сослужувале со рускиот архимандрит.

По молебенот, пред спортскиот центар „Јане Сандански“,бил поставен ”Ѕид на сеќавање“, голем банер со симболот на манифестацијата и фотографии на руски борци-антифашисти.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *