Почетна Анализа Руски агенти во мантија
Руски агенти во мантија

Руски агенти во мантија

7.28K
1

Режимот на Путин ја користи Руската православна црква за ширење влијание во православните земји. Оваа црква врши огромен притисок врз останатите цркви и го спречува доделувањето на Томосот за МПЦ. Преку разузнавачки активности, руските свештеници врбуваат црковни лица насекаде во помесните балкански цркви, пишува „Вистиномер“, во обемна анализа за улогата на Руската црква и политиките на Путин.

Во анализата значајно место е посветено на МПЦ-ОА и нејзината позиција во правослчавниот свет, особено низ призманата на руското влијание врз нејзе за да не стаса до официјалниот Томос за автокефалност.

МАКЕДОНСКИТЕ СВЕШТЕНИЦИ И РУСКИТЕ СЛУЖБИ

Долгогодишниот новинар, уредник и хроничар на црковните настани Зоран Бојаровски, во изјава за Вистиномер, смета дека неколку од владиците се однесуваат спротивно на интересите на Македонската православна црква.

„Нема никакви сомневања дека КГБ ја користи Руската црква за преку нејзе да го шири влијанието во православните земји. Има многу докази кои водат на тоа, дека и самите црковни функционери, како Патријархот Кирил и неговиот претходник се излезени од шинелот на КГБ. Протерувањето на Васијан Змејев на површина ја исфрли таа поврзаност. Во една прилика и претседателот Пендаровски изјави дека Васијан Змејев врши активности надвор од црковните, а службите го хранат претседателот со информации, тоа веројатно е така. Тој овде имал средби со некои митрополити како Петар и Иларион“, вели Бојаровски, кој во анализата посочува дека состојбите во нашиот Синод се рефлексијата на борбата помеѓу Москва и Константинопол.

-Тоа што е карактеристично за сегашниот Синод, е дека митрополитите од ПОА, црквата на Јован Вранишковски, Давид и Марко не се застапници на тоа руско крило во Синодот, нѐ брифираше познавач на состојбите во Синодот кој сакаше да остане анонимен. Тој од владиците Јован, Марко и Давид не очекува дека ќе бидат проруски, бидејќи тие и досега имаа добри односи со Грчката црква и секаде изразуваа свои ставови. „Тие сфатија дека Србите, нив и нивната црква, ги пуштија по вода и сега не очекувам нивна деструктивност во Синодот“, смета нашиот извор, пишува во анализата.

На сличен став е и професорот на Софискиот универзитет, Калин Јанакиев, кој добро ги познава состојбите во православието на Балканот и пошироко.

„Русија разбра дека не може да има поголемо влијание преку црквата на Јован Вранишковски, сега се насочи да влијае преку просрпските/проруски владици во Синодот на Македонската православна црква“, смета Јанакиев.

Директно посочен владика под руско влијание, од поновите владици е Григориј. Григориј минатото лето во Куманово промовираше книга со наслов „Цариградскиот патријарх прв меѓу/без еднаквите“, каде беше присутен и сега веќе протераниот Васијан Змеев. Се смета дека Змеев има големо влијание во МПЦ за поставувањето на Григориј за владика.

ТОМОСОТ И УКРАИНСКАТА ЦРКВА ТАРГЕТ НА РУСКИТЕ СЛУЖБИ ВО МПЦ

Руската црква е фокусирана на спречувањето на Македонската православна црква да добие томос од Цариградската патријаршија, како сите останати цркви во православниот свет.

Руската држава и руската црква, никако не сакаат МПЦ да добие автокефалност од Константинопол. Тие инсистираат на тоа дека томосот добиен од Српската православна црква е доволен. Со тоа сметаат дека ќе се доближат МПЦ и Константинопол, а ќе излезе надвор од влијание на Руската православна црква, што сега го има преку СПЦ, вели Јанакиев, пренесува Вистиномер.

Според изворите на Вистиномер од црковната дипломатија, кои сакале да останат анонимни, Вселенскиот патријарх Вартоломеј поставил три клучни услови за да ѝ додели томос на МПЦ. Тие се поклопуваат со информациите на религија.мк, а се однесуваат на Титулите на владиците во Дијаспораната, што не е исто и со тврдењето дека МПЦ-ОА нема да има епархии во дијаспората, потоа името на црквата под кое таа ќе биде заведена во Диптихот на Вселенската патријаршија, а тоа е Охридска Архиепископија, црква со канонска јуриздикција во државните граници на Република Северна Македонија и третото е позициите на МПЦ-ОА околу православната црква на Украина.

ТОМОС ОД ЦАРИГРАД

Сите православни цркви досега томос добиле од Цариград. И Руската црква, и Српската и Бугарската и Грчката. Од сите соговорници со коишто разговаравме никој не памети дека некоја црква добила томос од друга црква, како што ние добивме од СПЦ.

Според професорот Спасеновски, кој докторираше на темa која се однесува на местото и улогата на верските заедници во уставните поредоци на државите со посебен осврт на Република Македонија, вели дека има неколку фактори кои го придвижија признавањето на Македонската православна црква.

Има едно подзаборавено правило од поодамна, каде Вселенската патријаршија го има главното апелациско право во меѓуцрковните спорови. Тоа е право што го има Вселенската патријаршија, векови наназад. Таа го користела тоа право да биде апелациска установа во меѓуцрковни спорови, посочува Спасеновски.

Ова право упростено гласи: Ако имаш спор со една црква, како ние со СПЦ, си го решаваш спорот со неа. Но, ако се вмешат две цркви, тогаш спорот оди на Апелативен суд во Цариград.

Не сум го истражувал односот на Бугарската православна црква кон процесот на добивање на афтокефалија за МПЦ, но лично мислам дека Бугарската црква пропушти можност да се влезе многу подлабоко во позитивните анали на нашата црковна историја, иако несвесно, односно несакајќи, таа придонесе дополнително да се придвижат овие процеси. Имено, позитивно од односот на Бугарската црква е што оваа Црква оформи своја внатрецрковна комисија поврзана со македонското црковно прашање, со што му даде уште еден, веројатно клучен аргумент на Вселенскиот патријарх да го искористи своето право на апелација во случајот со МПЦ, бидејќи освен СПЦ се замеша и БПЦ, вели Спасеновски, пишува Вистиномер.

ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ОВДЕ

Коментар(1)

  1. Кога агенти без мантии ќе почнат да трагаат по агенти во мантии…. Руските евхаристиски заедници во дијаспората и особено руските културни центри се дефинитивно најсовршениот образ на меѓучовечката љубов и слобода во Царството Божјо. Тоа од искуство да го посведочам. Инаку, луѓето што и’ служат родољубиво на својата Татковина и Црква тешко дека може да се наречат агенти, дури и во смислата којашто сакате да им ја припишете, а не можете. Кога зборувате за активности од споменатиот вид на Запад (иако, споредба не може ни да има, агресивноста на западната маркетиншка машинерија е чудовиште par excellence веќе долги децении во овој современ свет), говорите за лобирање. А кога еден руски свештеник или свештеномонах ќе оди на братски средби и за да богослужи со свештенослужители од друга Помесна Црква – безочно го нарекувате тоа шпионажа. Многу ви е интересен речникот. А да издадете енциколпедија со таа ваша Deviant New Age доктрина? Уште подобро ќе заработите. Вашите работодавци нема ни да се двоумат. За веродостојност ќе има проблем со досегашното портофолио додуша, ама вашата надеж е дека додека има овци ќе има и волна. Се’ помалку овци во Македонија, пријатели. Ама се’ помалку ги има и ширум светот. Нема да ви се допадне.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *