
150
0
Во понеделник, на 13 јуни, во Москва, Руската православна црква ќе одржи вонредна синодска седница.
Централна тема е критичната состојба со одржувањето на Сеправославниот собор закажан за 16 јуни на Крит.
Три дена пред почетокот на Соборот, РПЦ ќе донесе конечна одлука за нејзината позиционираност, откако четири помесни православни цркви откажаа учество на Сеправославниот собор.
Некои неофицијални и непотврдени информации велат дека Руската црква може да донесе одлука да организира заедничка координативна средба на поглаварите на црквите кои одбија да патуваат на Крит.
/РЕЛИГИЈА.МК