Почетна Анализа Руската црква удира под појас
Руската црква удира под појас

Руската црква удира под појас

790
2

Руската православна црква, преку своите медиумски структури, најверојатно гневна на одлуката Вселенската патријаршија да го решава македонското црковно прашање почна да користи крајно навредлив и понижувачки речник за МПЦ-ОА и за нејзините архиереи, особено за поглаварот г.г. Стефан.

Во текст објавен на „православие.ру“, интернет портал основан од Московската патријаршија, под наслов „Патријарх Вартоломеј дај ни надеж, вели Поглаварот на наречените македонски шизматици“, објавена е анализа во која не само што за МПЦ-ОА, се користи навредливата констатација за шизматици, туку Архиепископот Стефан е ословуван со неговото граѓанско презиме, а титулата Архиепископ е напишана во наводници.

-Шизматиците на „ Македонската Православна црква“(МПЦ) се полни со надеж за добивање автокефалија откако патријарх Вартоломеј го прифати нивниот еклитон од упатен од страна на политичарите на Северна Македонија што го посетија пред две недели. За време на службата на 19 Јануари Поглаварот на МПЦ  Охридскиот „ Архиепископ“Стефан Велјаноски и Македонија јавно го изразија својот оптимизам за можноста оваа структура да биде признаена. Како што известува македонскиот ТВ канал Сител, Велјановски изјави дека „со помошта на Константинопол, помесните православни Цркви ќе ‘ја дознаат вистината’ за МПЦ и ќе ја примат во православното семејство“. Претставници на МПЦ во неколку наврати го изразуваат својот оптимизам откако Константинопол им додели автокефалија на украинските шизматици. Како украинските шизматици, така и МПЦ упати еклитон до Константинопол, наместо да се покајат и да се вратат при црквата од која се одметнаа- Српската Православна Црква.
Поглаварот на шизматиците исто така му се заблагодари на Патријархот „за неговата решеност да го прими еклитонот на МПЦ и да го стави на својот дневен ред прашањето за нејзината автокефалија“. „Му благодариме на Неговата Сесветост Патријархот Вартоломеј за прашањето што го покрена, и за тоа што го прими еклитонот и го слушна гласот на нашиот православен народ кој посакува евхаристиска заедница со сите православни христијани“,  истакна Велјаноски, пишува во текстот на англиската верзија на „православие.ру“.

Интересно е да се забележи дека овој вокабулар, руската црква го користи за прв пат кога станува збор за МПЦ-ОА, што укажува на моментот дека целта и намерата е да се предизвика некаква форма на страв и притисок врз самата МПЦ-ОА, но и кај верниците во Македонија. Руската црква многу добро знае дека МПЦ-ОА не е шизматичка црква и дека црковниот проблем во Македонија не е догматски и канонски, туку административен, тоа впрочем го потврдиле и редица нејзини владици кои биле во Македонија и се среќавале со Архиепископот Стефан, оддавајќи му достоинствена почит како на поглавар. Многупати и македонските владици биле гости на Руската црква во Москва, со сите црковни обележја на себе како владици.

И МПЦ-ОА ома достоинствена почит и посебен однос кон руските амбасадори во Македонија, како претставници на највлијателната православна држава во свето. На сите црковни настани, неговото место секогаш било во првите редови и во присуство на Архиепископот Стефан.

Сепак, по ваквиот чекор на Руската црква, можеби е време Синодот на МПЦ-ОА, да размисли привилегијата да ја распредели подеднакво кон сите дипломатски претставници во државата.

Коментар(2)

  1. Браћо Македонци имате двоструке аршине. Љутите се кад Руси на неком сајту вашу Цркву назову “расколничка МПЦ ОА” ,а не љути те се што на сајту “Ромфеа.гр” стоји да је ваша Црква ” расколничка Скопљанска црква” . Још су Грци ставили црква под наводнике . То се може видети у вести о састанку вашег премијера и Патријарха Вартоломеја. За мене је и једно и друго неприхватљиво,али вама изгледа не смета како вас Грци зову.

    1. Драг Слободан, добро си заприметил дека на Ромфеа.гр има многу негативни написи против нашата Црква, имено исто како што сега пишуваат Русите. Но, токму тоа и не треба да те чуди, затоа што Ромфеа е всушност руски тројански коњ во Грција. Погледни само какви ставови застапува уредникот на сајтот и веднаш ќе ти стане јасно дека во позадина лежат руски пари и интереси. Тој сајт е дури и отворено против сопствениот патријарх. Тоа е доволен покзател за руксата инфилтрација, која не сака православните народи на Балканот да живеат во единство и разбирање, а само поттикнува омраза и поделби. Но, Бог гледа и знае сѐ…

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *