Почетна Вести Европа Руската црква се закани дека нема никогаш да признае автокефална црква во Украина
Руската црква се закани дека нема никогаш да признае автокефална црква во Украина

Руската црква се закани дека нема никогаш да признае автокефална црква во Украина

153
0

Руската Православна Црква и нејзиниот поглавар Патријархот Кирил  никогаш нема да признаат постоење на автокефална црква во Украина. Ова како заклучок произлегло од средбата на рускиот патријарх Кирил со претставници на дел од помесните православна цркви викендов во Москва, за време на прославата на 1030 години од покрстувањето на Русија.

Оваа средба доаѓа како одговор на последната средба на Вселенската Патријаршија со украинскиот претседател Петро Порошенко, на која митрополитот од Вселенската Патријаршија Емануел му предал писмо на Порошенко, за кое украинскиот претседател тврди дека е потврда за намерите на Вартоломеј да потпише Томос за автокефална црква во Украина.

Сепак, интересно е да се напомене дека на таа средба во Москва присуствувале претставници на седум од 14 автокефални православни цркви. На тој состанок во Москва, немало претставници на Вселенската Патријаршија, Романската Патријаршија, Бугарската Патријаршија, Александриската Патријаршија,  Грчката Архиепископија, Албанската Архиепископија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *