Руската црква преку БПЦ се обидува да ја придобие МПЦ-ОА во рускиот свет

Date:

Share post:

Шефот на руската црковна дипломатија, Митрополитот Волколамски Анатолиј допатувал во Бугарија без покана на Бугарската православна црква во обид за средба со бугарските владици.

Веста вечерва ја објави политичката партија Демократска Бугарија, која предупредува дека засега единствена двајца владици на БПЦ, Видинскиот митрополит Данаил и ловченскиот Гаврил изкажале желба за средба, додека Патријархот Неофит откажал да се сретне со него.

Она што е симптоматично е што ДБ тврди дека посетата на Анатолиј е поврзана со МПЦ-ОА, односно да врши притисок врз БПЦ за признавање на Томосот издаден од СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА.

-Тој доаѓа да ја притиска Бугарската православна црква да ја признае црквата во Република Северна Македонија со статусот и нејзиното именување од Српската црква од мај 2022. Тоа би знаечело признавање од странана Бугарската православна црква на противканонското издавање од Српската црква „томос“ во однос на црквата во Република Северна Македонија. Според каноните на православната црква, Вселенската патријаршија е единствената, која има право да издава Томос за автокефалност на која и да е друга православна црква. Завземањето на просрпска и проруска позиција од страна на Бугарската православна црква може да доведе до сериозни дипломатски компликации не само со останатите православни цркви, туку и со грчката држава. Интересите на Бугарија како член на ЕУ и НАТО се да ги поддржуваме нејзините сојузнички и најблиски односи со нашите соседи и партнери. Меѓуцрковните односи се интегрален дел од меѓудржавните односи и се од особен интерес за бугарската држава, пишува Демократска бугари во соопштението.

Оваа политичка партија оценува дека посетата на вториот човек на Руската црква на Бугарија е сериозно прашање и претставува обид за нарушување на националната безбедност. ДБ ја повикува државната агенција за безбедност ДАНС да ги спроведе сите мерки за безбедност.

2 COMMENTS

  1. Текстот, односно колумната е целосно и крајно непотребна и бесцелна, безвредна. Ама и твојот коментар уште повеќе од самиот текст. Текстот оди во една крајност, твојот коментар оди во друга крајност. Поготово за белорускиот народ … а, поентата е Македонија и МПЦ …
    Далеку заминавте сите … чекајте, полека … се ке си дојде на местото определено единствено од Бога Троичниот … другото се ви е за бадијала и на едните и на другите …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here