
Руската црква по теркот на руската армија, окупира епархии на УПЦ-МП кои и откажаа послушност
Руската православна црква ја користи моќта на руската армија која окуприра дел од територијата на Украина за да врши присоединување на дел од епархиите на УПЦ-Московска Патријаршија, која одлучи да прогласи автокефалност и да прекине секакви односи од Руската црква поради воената инвазија врз Украина.
Руските медиуми објавија дека правата украинска епархија од УПЦ-МП која поминува под јуриздикција на Московската Патријаршија е Ровенската и Свердловска епархија од јужниот дел на областа Луганск, која е под окупација на Русија. Во краткото соопштение на епархијата пишува дека Советот на епархиското собрание донел одлука да прекине спомнување на Митрополитот Онуфриј за време на службите и дека Ровенско-Сверадолската епархија останува под омофорот на Неговата Сесветост Московскиот и на цела Русија Патријарх.
Оваа одлука не е изненадувачка, бидејќи веќе беше најавено дека сите епархии од окупираните територии на Украина ќе ја напуштат Украинската црква, која му откаже послушност на Патријархот Кирил и покрај тоа што за таа одлука сите епархии на УПЦ-МП се изјаснија.