Почетна Анализа Руската црква не му верува на бугарскиот патријарх Неофит – почнува процес за негова смена?
Руската црква не му верува на бугарскиот патријарх Неофит – почнува процес за негова смена?

Руската црква не му верува на бугарскиот патријарх Неофит – почнува процес за негова смена?

614
0

По налог на Кремаљ и Руската православна црква, во Бугарија се одвива процес за смена на бугарскиот патријарх Неофит, пишуваат бугарските медиуми. Во анализата на „Фактор.бг“, се пренесени сведоштва на извори од Синодската палта во Софија, според кои целта не е физичко отстранување на Неофит од патријаршискиот торон, туку притисок тој сам да се откаже и да поднесе оставка на позицијата, а потоа да се назначи свој човек кој продолжи да ги гради релациите со Русија.

Идејата е на Неофит да му останат патријаршиските привилегии и Белата Пана, но во пракса Синодот да избере друг владика, кој ќе ги врши сите административни работи на софиската митрополија и да претседава со Светот Синод на БПЦ.

Идејата за смена на Патријархот Неофит, како што посочиле изворите на „фактор.бг“ била дефинирана по посетата на Рускиот Патријарх Кирил, кој од Софија замина бесен поради се појасната политичка, но и црковна дистанца на Софија од Москва.

Јасен знак за тоа беше и експресната смена на претставникот на РПЦ во Софија, кој беше испратен на Блискот Исток.

„Фактор.бг“ пишува дека во Синодската палата во Софија, веќе подолго време јавна тајна било дека Патријархот Неофит одамна само формално ја исполнува функцијата на Патријарх, бидејќи целата контрола во Синодот ја имале митрополитите Гаврил и Николај.

-По посетата и однесувањето на рускиот патријарх Кирил, Неофит реално добил јасна незадоволителна оценка за своите задачи кои му биле наложени од Москва. Тоа налага дека треба да се премине кон шемата за негово реално отстранување од управувањето на Црквата. Митрополитите на Синодот дадоа јасен знак дека ќе продолжат да идентификуваат со интересите на Русија, а црквата ќе ни остане предадена на Москва во оваа сложена геополитичка состојба, пишува „Фактор.бг“ во анализата.

Иако последните години во бугарската јавност преовладувал ставот дека најблиски до Русија и со шанса да го преземат управувањето на БПЦ биле владиците Гаврил Ловченски и Николај Пловдиски, но по 3 март, по посетата на Кирил на Софија, состојбата е сосема поинаква. Новиот фаворит на Русија во Софија е Варненскиот и Великопреславски митрополит Јован.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *