Почетна Вести Руската црква на Крит ќе патува како СССР
Руската црква на Крит ќе патува како СССР

Руската црква на Крит ќе патува како СССР

225
0

rpc upcРуската православна црква ќе патува на Крит со 24 архиереи. РПЦ ја избра делегацијата која што ќе ги брани позициите и ставовите на Руската православна црква на Сеправославниот Собр закажан за јуни оваа година.

На чело на Руската црковна делегација е Патријархот Кирил. Во составот е и моќниот црковен дипломат, Иларион Алфеев.

Она што паѓа в очи од списокот на РПЦ е високиот третман на Украинската православна црква – Московски Патријархат. На Крит ќе патува практично целото раководство на УПЦ-Московски Патријархат, Украинскиот митрополит Онуфриј, Митрополитот Митрофан, шефот на одделот за надворешни работи на УПЦ-МП и Митрополитот Анатолиј, трет човек на оваа црква.

Оваа зајакната руска црковна делегација со украинската црковна администрација е демонстрирање на влијание и јакнење на позициите на проруската црковна администрација во Украина. Но воедно и порака кон Вселенскиот патријарх Вартоломеј за неговите контакти со непризнатата Украинска автокефална православна црква, дека РПЦ никогаш нема да прифати признавање на таа црковна организација. Впрочем Рускиот Патријарх изричито бараше на Сеправославниот собор да нема никаква можност да се разговара и никој да не се меше во украинското црковно прашање, со образложение дека тоа е внатрешно прашање на РПЦ. Тоа е и една од главните причини зошто на овој Собор нема точка на дневен ред за позицијата на Автокефаноста во Православната црква.

Во делегацијата се и митрополитите од Молдавија, Казакстан, Латвија, Литванија, Белорусија…

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *