
154
0
Во Руската Православна Црква ќе има уште една парохија во Латинска Америка. Епископот на Аргентина и Јужна Америка Леонид, најавил изградба на нова црква во центарот на главниот град на Венецуела.
Според епископот, веќе е постигнат договор за доделување на земјиштето за изградба на храмот, а проектот напредува бавно поради актуелната економска ситуација во оваа јужноамериканска земја.
Новата црква ќе биде под надлежност на новоформираната Северозападната Епархија. Во октомври минатата година во неа беа вклучени Панама, Колумбија, Перу, Еквадор, Боливија и Венецуела.