Почетна Вести Регион Руската црква ја штити СПЦ во Македонија, СПЦ руската црква во Украина
Руската црква ја штити СПЦ во Македонија, СПЦ руската црква во Украина

Руската црква ја штити СПЦ во Македонија, СПЦ руската црква во Украина

145
0

Руската православна црква, односно лично Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил го одликувал Српскиот патријарх Иринеј, со највисокото признание што го доделува РПЦ за заслуги за јакнење на единството на православната црква.

Признанието Патријархот Иринеј го примил на 23 мај во Москва на свечена церемонија. Рускиот Патријарх Кирил во говорот потенцирал дека Иринеј има голема заслуга за единството на православието на Балканот, каде меѓу другите држави кои ги набројал како канонско подрачје на СПЦ ја вброил и Македонија.

Во својата секојдневна активност Престолот на Црквата на Св. Сава покажува грижа за духовните потреби на милиони православни верници, кои живеат во Србија, во Црна Гора, во Република Српска и во цела Босна и Херцеговина, во Република Македонија, Хрватска и Словенија, кои го сочинуваат канонското подрачје на Српската Православна Црква. Во радости и искушенија нашите цркви секогаш се заедно, изјавил Рускиот патријарх Кирил.

Српскиот патријарх, пак во својот говор посветил соодветно внимание на украинскиот црковен проблем, јасно бранејќи ги руските црковни интереси.

Секој кој ги помага расколницте во Украина е непријател не само на Руската црква и на рускиот свет, туку и на сите православни словенски народи и на целиот православен свет, истакнал Иринеј, како благодарност за признанието од РПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *