Почетна Вести Европа Руската црква формира оддел за контрола на проруските цркви во соседните дражави
Руската црква формира оддел за контрола на проруските цркви во соседните дражави

Руската црква формира оддел за контрола на проруските цркви во соседните дражави

145
0

Структурата на Московската патријаршија ќе има одделение за работите на епархиите во соседните земји, одлучи Светиот синод на седницата во четвртокот.

Иницијатор за создавање на таков оддел беше патријархот Кирил. Со овој оддел ќе раководи викарот на Патријархот од Московската митрополија.

Овој оддел практично е формиран за контрола на сите руски цркви во соседните држави од кои за време на воената агресија врз Украина доаѓаа остри осуди на сметка на Руската патријаршија.

Во моментов, на територијата од поранешниот СССР, постои една автономна православна црква (во Украина), егзархија во Белорусија, три неавтономни цркви во балтичките земји, две митрополитски области (во Казахстан и Централна Азија), епархија во Азербејџан и уште неколку руски црковни струкитури. Сите тие се во канонска подреденост на Москва, но имаат различни степени на автономија, УПЦ-МП поседува најголема независност од нив.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *