Почетна Вести Европа Русија: Јеховини сведоци осудени на долготрајни затворски казни
Русија: Јеховини сведоци осудени на долготрајни затворски казни

Русија: Јеховини сведоци осудени на долготрајни затворски казни

199
1

Суд во рускиот југозападен град Астрахан осуди четворица Јеховини сведоци на долги затворски казни во рамки на пресметката со следбениците на таа религиозна група низ целата земја, јави Радио Слободна Европа на англиски јазик.

Истражниот комитет денеска објави дека тројца мажи се осудени на по осум години затвор, а една жена на три и пол години затвор под обвинение за екстремизам, јави РСЕ.

Рустам Диаров, Евгениј Иванов и Сергеј Кликунов беа прогласени за виновни за создавање екстремистичка заедница, додека Олга Иванова е осудена за учество во активности на екстремистичка група. Судењето против нив се водеше во јуни.

Александар Верховски, претседател на организацијата за човекови права „СОВА“, ја осуди најновата судска одлука против Јеховините сведоци, нарекувајќи ја „дополнителен доказ за зголемената суровост во тековната кампања“ против следбениците на верската група.

Откако верската група ја оквалификуваа како екстремистичка во 2017 година, властите упаднаа во домовите на верниците ширум Русија, обвинувајќи и апсејќи десетици луѓе.

На Јеховините сведоци, со седиште во САД, со децении се гледа со сомнеж во Русија, каде што православната црква е доминантна, потсетува РСЕ.

Групата е позната, меѓу другото, по тоа што одбива да служи воен рок, одбива да слави национални и верски празници или родендени и детално ја проучува Библијата.

Според Јеховините сведоци, против членовите на групата се покренати 257 кривични постапки, 559 мажи и жени се обвинети за екстремизам, а 70 верници во моментов се во затвор.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *