Почетна Вести Христијанство РПЦ позагрижена за СПЦ од самата СПЦ
РПЦ позагрижена за СПЦ од самата СПЦ

РПЦ позагрижена за СПЦ од самата СПЦ

261
1

Руската православна црква изразува поголема загриженост за можноста Вселенскиот патријарх Вартоломеј да ја врати МПЦ-ОА во канонско единство на православните цркви и да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА, отколку што за ова е загрижена самата Српска православна црква. Иако Српската патријаршија се уште се нема официјално произнесено за последната средба на македонската државно-политичка делегација со Вселенскиот Патријарх, РПЦ побрза оваа средба да ја оцени како забивање нож в грб на Српската црква.

-Цариградскиот патријарх Вартоломеј решил да зарие нож во грбот на Српската православна црква со легализација на расколот во Македонија, одлучувајќи да се стави во функција на политичките елити кои ја користат религијата во своите игри, изјавил портпаролот на Московската патријаршија, Владимир Лејгода, пренесува „Спутник“.

-Цариград има намера да легализира уште еден раскол. Патријархот Вартоломеј ја поддржа жалбената постапка на Македонската православна црква. Очигледно одлучил да се стави  во функција на политичките елити кои ја користат религијата во своите игри. Тоа е во суштина заривање нож го грбот на СПЦ, на која веќе ѝ се заканува прогон во Црна Гора“, вели Лејгода.

Тој навел и дека „целта на неодамнешниот состанок на патријархот Вартоломеј со претседателот на преодната влада на Македонија, Оливер Спасовски, и со поранешниот  премиер Зоран Заев била да се разгледа можноста за повторно воспоставување регуларност на црквата во Македонија под името Охридска архиепископија“.

Извор: РИА

Коментар(1)

  1. Марјан
    (Бидејќи овој текст е потпишан од уредник)
    Те молам , бидејќи го цитираш Лејгода, посочи го твојот извор да видиме како оригинално звучи неговиот исказ?
    Ти си новинар во кој многу читатели имаат доверба а пред се те знаат за професионалец ;
    Затоа редно е , да се постави линкот на изворот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *