Почетна Вера Рождество на Претечата – торжество за Бигорски
44
43
42
41
40
39
38
37
36
35
34
33
32
31
30
29
28
27
26
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Рождество на Претечата – торжество за Бигорски

381
0

Торжествена прослава на „Раѓањето на Свети Јован Кристител“, на која присуствуваа голем број верници се одржа во Бигорскиот манастир, чиј патрон и заштитник е токму Свети Јован. На сеноќното бдение присуствуваше Митрополитот брегалнички, г. Иларион, а на вчерашната утринска литургија и тетовско-гостиварскиот митрополит. Г. Јосиф, како и надлежниот архиереј, дебарско-кичевскиот митрополит г. Тимотеј.

-Рождеството на славниот Претеча е радост преголема, радост сеопфатна. Зашто, ова необично Рождество е предвестие и претеча на полнотата од радоста Божествена од неискажливото воплотување на Словото Божјо. Одблесок на таа Иванденска радост најсилно се читаше на облагодатениот лик на нашиот возљубен Старец и верен служител на Крстителот, Архимандрит Партениј, како и кај целото наше братство и сестринство и огромното мноштво верни, кои пристигнаа на торжествената, сеноќна, роденденска прослава во Свештената Обител Бигорска. А заедничкото славење на овој значаен настан од спасението на човечкиот род, го донесе во Манастирот нашиот драг и пријатен гостин и поранешен бигорски собрат, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, кој претстоеше на долгото и преблагодатно молитвено собрание. Повеќечасовниот молитвен подвиг не ги спречи сепак ни најмалите од кампот за веронаука, со своите чисти детски гласови, да го воспеат Раѓањето на оној кој уште од утробата беше избран да биде гласник и претшественик на Словото Божествено. Утрото, пак, Манастирот со својот празничен амбиент направи достоинствен пречек на нашиот возљубен архипастир, Митрополитот Тимотеј, како и на многупочитуваниот Митрополит Тетовско-гостиварски, г. Јосиф, уште една фиданка од бигорскиот духовен расадник, велат монасите од Бигорскиот манастир.

ГАЛЕРИЈА:

/ФОТО: БИГОРСКИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *