Неочекуван избор на тројца архиереи од кои ќе се бира идниот патријарх на БПЦ се случи денеска во Патријаршијата во Софија. Врачанскиот митрополит Григориј влегол како прв во изборот уште на првото гласање со 11 гласа. Останатоте двајца, Ловченскиот Гаврил и Видинскиот Данаил со по 9 гласа во изборот влегле дури по 32-ото гласање и 42 гласање меѓу архиереите кога обезбедиле 2/3 од гласовите за да одат во финалниот избор за поглавар на БПЦ.
-Светиот Синод на Бугарската православна црква во полн состав, согласно протокол број 11, пристапи согласно член 45 на Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија, почитувајќи ги барањата на член 40 од истиот устав, со тајно гласање за тројца епархиски митрополити како достојни кандидати да го заземат патријаршискиот престол. По проверка на подадените ливчиња се утврди дека со гласовите на 2/3, избрани се Врачанскиот митрополит Григориј – со 11 гласа во првиот круг, Видинскиот митрополит Даниил – со 9 гласа по 32-от круг и Ловчанскиот митрополит со 9 гласа по 42-от круг,” изјави портпаролот на Светиот Синод Старозагорскиот митрополит Кипријан.
Овој избор навестува неизвесност на денот на Црковни-народниот собор, закажан за 30 јуни, особено ако јасно се препознава поделеност во БПЦ по линија про и контра руската црква. Ловченскиот Гаврил е фиксен руски играч во БПЦ, а со проруски ставови е и Видинскиот Данаил.
За Врачанскиот Григориј пак бугарската јавност препознава човек од доверба на Пловдискиот митрополит Николај.

