Почетна Вести Романските свештеници и владици ќе се заколнуваат дека нема да крадат
Романските свештеници и владици ќе се заколнуваат дека нема да крадат

Романските свештеници и владици ќе се заколнуваат дека нема да крадат

383
1

Синодот на Романската православна црква ќе ги заколнува свештениците да не присвојуваат црковен имот и на тој начин ќе се обиде да ја поврати довербата кај верниците.

Писмената заклетва се должни да ја потпишат сите романски клирици, но и сите служители на црковната структура на Романската православна црква. Портпаролот на Романската Патријаршија, Василе Банеску објаснил дека т.н. „Декларација за чесност и лојалност“ ќе се потпишува во името на Света Тројца од сите кои се дел од црковната структура кои на каков било начин имаат одговорност за црковен имот. Тоа ги опфаќа свештениците, игумените, административците, владиците, црковните фонации…

Потписниците на заклетвата ветуваат дека „нема да присвојуваат црковни добра за лични цели, дека ќе управуваат добро со црковниот имот, дека нема да го нарушуваат црковниот ред и дека ќе ги чуваат службените тајни“. Заклетвата завршува со зборовите: „Бог нека ни помогне“.

Секој оној кој нема да ја потпише заклетвата ќе подлежи на санкции предвидени со Уставот на Црквата.

Романскиот Патријарх Данаил смеата дека на овој начин ќе се поврати довербата на верниците кон клирот на Романската црква, кое сега е тотално разнишано.

Декларацијата со заклетвата први ја потпишале, Патријархот Данаил и членовите на Светиот Синод на РПЦ.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *