Почетна Вести Европа Романскиот патријарх Даниил состави молитва против коронавирусот
Романскиот патријарх Даниил состави молитва против коронавирусот

Романскиот патријарх Даниил состави молитва против коронавирусот

1.10K
0

Романскиот Патријарх Даниил објави молитва за запирање на новата пандемија од коронавирусот. Патријархот Даниил ја составил молитвата, која веќе се практикува во Романската Православна Црква.

Целиот текст во продолжение.

Господи, Боже наш, Кој си богат во милосрдието и со Твојата мудра промисла раководиш со нашиот живот, услиши ја нашата молитва, прими го покајанието за нашите гревови, прекини ја новата заразна болест (новата епидемија), како што си го запрел страдањето на Твојот народ во времето на цар Давид. Ти Кој си лекар на нашите души и тела, дарувај им оздравување на болните, брзо подигнувајќи ги од леглото на страдањето, за да Те прослават Тебе, нашиот Милостив Спасител, а здравите, пак, заштити ги од која било болест. Со твојата благодат, Господи, благослови ги, укрепи ги и заштити ги, сите оние што човекољубиво и пожртвувано се грижат за болните во нивните домови или во болниците. Изгони ги сите болести и страдања меѓу луѓето и научи нè да го цениме животот и здравјето како Твои дарови. Твојот мир дарувај ни го Боже и исполни ги нашите срца со силна вера во Твојата заштита, со надеж во Твојата поткрепа и со љубов кон Тебе и кон ближниот. Зашто Твое е да нè милуваш и спасуваш, Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *