Почетна Вести Романски епископ вмешан во секс скандал со 17 годишно момче
Романски епископ вмешан во секс скандал со 17 годишно момче

Романски епископ вмешан во секс скандал со 17 годишно момче

327
0

Епископ на Романската Православна црква бил вмешан во хомосексуален скандал со 17 годишно момче. Скандалот во романската јавност изби по објавувањето на видео запис на кој е епископот Корнелиј.

Романската црква го стави под забрана за служење се до конечна одлука на Синодот на Романската патријаршија, кој треба да одржи вонредна седница по богородичните пости.

Се поизвесно е дека епископот на РПЦ ќе биде расчинет.

Епископот Корнелиј засега јавно не го коментирал скандалот, но преку својот адвокат поднел жалба до Дирекцијата за истрага на организирани престапи, за клевета. Во жалбата тој тврди, дека видеозаписот е монтажа и бара техничка експертиза.

За скандалот да биде уште поголем, осомничениот Епископ тврди дека бил наместен од тројца свештеници за уцена.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *