Во Букурешт се одржало јубилејното 50-то издание на националната кампања „Дарувај крв, спаси живот!“, иницирана и благословена од Патријархот на Романската православна црква, Даниел. Настанот билорганизиран во соработка со Центарот за трансфузија при Министерството за национална одбрана и со асистенција на доброволците од параклисот при Националната катедрала во Букурешт.
Дарители и медицински персонал од центарот за трансфузиологија отпатувале до седиштето на Генералниот инспекторат на романската жандармерија, каде што 100 полицијата од единиците во касарната Банеаса, како и околу 1.000 нивни колеги од целата земја, учествувале во акцијата на крводарување.
Настанот го координирале архимандрит Кипријан Грдинару, раководител на групата доброволци одкатедралната црква. Тие активно учествувале не само во дарувањето крв, туку и во организацијата на логистичките активности — обезбедувајќи вода, чај, кафе и храна за сите учесници.
Со оваа иницијатива, офицерите и подофицерите од Романската жандармерија испратија порака на солидарност и поддршка за страдалниците, продолжувајќи ја долгогодишната соработка меѓу Романската православна црква и државните институции во хуманитарни мисии.
Од почетокот на програмата во 2013 година, преку оваа национална кампања се собрале повеќе од 25.000 литри крв од над 42.000 дарители, а воедно биле донирани и медицински апарати и опрема во вредност од приближно 170.000 евра на трансфузиолошките центри во Букурешт, Плоешти, Констанца, Клуж и на Центарот на Министерството за здравство.
Акцијата продолжува да биде пример за заедништвото на Црквата, државата и граѓаните во служба на општествените потреби.
