Почетна Вести Европа Романската православна црква со нови мерки
Романската православна црква со нови мерки

Романската православна црква со нови мерки

866
0

Романската православна црква донесе нови мерки за заштитата, откако романските власти донесоа построми мерки во превенцијата на коронвирусот, меѓу кои и забраба за собирање на повеќе од три лица.

Меѓу мерките на Романската црква се и одлуките сите Свети Литургии во храмовите и во манастирите да се служат без присуство на верници, а Богослужбите да бидат пренусувани онлајн преки регионалните и националните медиуми.

Романската црква ги повикува своите верници да се организираат во домовите и за време на Литугиите да учествуваат во нив.

За време на овој период ќе можат телефонски да разговараат со своите духовни Отци како форма на исповед, а по нивна желба свештениците можат да ги посетат во домовите.

Сите Свети Тајни, Крштение и Венчание ќе се служат во храмовите, но во присуство на максимум осум луѓе. Исто така се предвидува максимум осум луѓе кои ќе можат да бидат присутни и на погребите.

Сите кои се на болничко лекување ќе можат да се исповедаат и да се причестат, но по правилата на болниците.

Исповед и причест на болни кои се наоѓаат во своите домови, ќе се извршува од свештеници, согласно процедура која подразбира дозвола за движење на свештеникот од државните власти. Свештениците за оваа прилика ќе користат лажица за една употреба, една Богослужбена книга.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *