Почетна Вести Романската патријаршија: Руски и Грчки свештеници го рушат единството на романската црква
Романската патријаршија: Руски и Грчки свештеници го рушат единството на романската црква

Романската патријаршија: Руски и Грчки свештеници го рушат единството на романската црква

313
0

Синодот на Романската Православна Црква соопшти дека ќе ги информира официјално Руската православна црква и Грчката православна црква за неканонските активности на нивни клирици и лаици во епархијата на Романската Патријаршија, кои “агресивно ги поттикнува верниците во Романија да се одвојат од своите канонски архиереи”, доведувајќи ги во заблуда верниците дека Соборот на Православната црква во Крит од јуни оваа година, прифатил нови догми на верата.

krit-sobor-2-Романската патријаршија неколку пати истакна дека Соборот во Крит не донел никакви нови догми, туку исповедал дека Православната Црква е една, света, соборна и апостолска Црква на Христос. Затоа постојано ги повикуваме нашите верници, со сета своја одговорност да го задржат мирот и единството на Црквата, пишува во соопштението на романскиот синод.

Романските владици се загрижени поради некои активности на агресивни богослови и свештеници и епископи од две сестри православни цркви, кои доаѓаат во епархиите на Романската Патријаршија, за да ја критикуваат Романската Православна Црква и да ги поттикнуваат верници против канонската хиерархија. Поради оваа причина Синодот на Романската православна црква одлучил да го извести поглаварите на сестрите православни цркви – Московска патријаршија и Грчката православна црква – за ситуацијата со цел да спречат понатамошен негативен расплет на настаните.

-Апелираме духовниците, монасите и мирјаните кои учествуваат во бунтот и клеветење на Соборот во Крит, без да се обрне внимание на фактот дека за еден Собор може да суди само друг Собор, да се поправат со мирен дијалог и разјаснување на канонот за сериозноста на расколот и нарушувањето на мирот и единството на Црквата. Административни и дисциплински канонски санкции ќе се применуваат за вразумување на клирици, монаси и мирјани, кои се обидуваат да го нарушуваат мирот и единството на Црквата, стои во ставот на Синодот на РПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *