Почетна Вести Романската црква ја прогласи 2017 за година на жртвите од комунизмот
Романската црква ја прогласи 2017 за година на жртвите од комунизмот

Романската црква ја прогласи 2017 за година на жртвите од комунизмот

53
0

Романската Православна Црква ја прогласи 2017, како година на жртвите од комунизмот. Одлуката на Романската патријаршија оваа година да и биде посветена на заштитниците на Православието за време на комунизмот е донесена во рамки на јубилејното одбележување како година на сите свети икони, фрески како и година на Патријархот Јустинијан.

romanska-crkva-sinodОваа одлика Патријархот Данаил, ја објави по светата литургија на 1 Јануари од патријаршискиот храм, Свети Константин и Елена во Букурешт.

Ова е дел од веќе востановената традиција, Романската цркав секоја година да и ја посветува на некој значаен историски настан или на некоја важна богословска тема. За целиот јубилеј РП предвидела и програма со многу настани кои ќе се случуваат во оваа 2017 година.

Меѓу позначајните настани е голема конференција на која ќе се зборува за делото на Патријархот Јустинијан, како и за заштитниците на Православието во ерата на Комунизмот и на жртвите од тој режим.

Јустинијан Марина како трет Патријарх на Романската црква, е една од жртвите на комунизмот иако, тој е и творец на платформата за соработка на Романската Православна Црква со романските комунистички власти.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *