Почетна Вести Европа Романската црква ги собра младите од православните цркви
Романската црква ги собра младите од православните цркви

Романската црква ги собра младите од православните цркви

1.59K
0

Над 3.500 млади луѓе, на возраст од 16 до 35 години од сите епархии на Романската патријаршија, но и млади луѓе од Вселенската патријаршија, од Православните Цркви од Александрија, Антиохија, Ерусалим, Бугарија, Грузија, Грција, Полска, Албанија и од Православната црква во земјите на Чешката Република и Словачка, беа дел од Седмата меѓунардона средба на православната младина под наслов „ Вие сте ми пријатели, која се одржа на 31 август во Темишвар, европскиот град на културата за оваа година.

Во веста на Романската патријаршија никаде не се спомнуваат гости од Руската Православна Црква, а ниту пак од  МПЦ-ОА.

-По отслужувањето на молебенот претсваник на Вселенската Патријаршија го прочита посланието на Вселенскиот патријарх. Претставници на помесните автокефални цркви, Александриската, Антиохиската, Бугарската, Грчката, Полската имаа поклонички патувања и посетија манастири на Романската црква. Следната младинска средба ќе се одржи во 2025 година и ќе бид епосветена на сто годишнината од обновувањето на Романската Патријаршија, стои во веста за настанот на Романската Патријаршија.

ИСПРАВКА: До редакцијата на Религија.мк пристигна реакција, дека на настанот имало присуство и на млади од МПЦ-ОА. Но на официјалната страница на Романската православна црква, каде е поставена веста, таква информација нема. Религија.мк, направи исправка на текстот и повлече дел од него/

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *