Почетна Вести РОМАНСКА ПАТРИЈАРШИЈА: Мора да покажеме единство, но и општа одговорност
РОМАНСКА ПАТРИЈАРШИЈА: Мора да покажеме единство, но и општа одговорност

РОМАНСКА ПАТРИЈАРШИЈА: Мора да покажеме единство, но и општа одговорност

300
0

Романската православна црква застана на страната на Вселенскиот патријарх Вартоломеј и ги повика сите верници, клирици, монаси и мирјани да се молат за одржување на Сеправославниот и голем Собор закажан за 19 јуни на Крит.

Sinod Romanska pravoslavna crkvaСинодот на Романската Патријаршија и Патријархот Данаил им одговори на оние епископи кои протестираат дека во Соборот ќе учествуваат само ограничен број епископи, наместо сите, со зборовите: “Не секој може да учествува, но секој е одговорен да придонесе со совет и молитва, така што не духот на светот, туку Светиот дух треба да управува со активностите на претстојниот Сеправославен собор “.

Романскиот патријарх ги повика на одговорност сите сестрински православни цркви да го засведочат единството на Црквата.

– Ние имаме морална обврска да сведочиме не само дома, туку и на сеправославно ниво за единството на верата во Црквата. Најголемиот и скапоцен подарок на духовниот живот на Црквата е единството на верата, кое се манифестира во единството во таинствата, но исто така и во мисионерската и пастирската одговорност. Православието е соборно истовремено на локално и на сеправославно ниво. Соборот е секогаш институцијата со најголема одговорност за зачувување на вистинската вера, вистинскиот искуство во Христос и пастирската дејност на сите нивоа во нашиот живот, стои во соопштението на Синодот на романската православна црква.

Данаил посочува дека Архиереите мора да бидат многу одговорни, бидејќи единството во верата е многу важно.

-Кога одиме на соборот, треба да ја исповедаме едната и света вера, единството на Едната, Света, соборна и апостолска Црква. Затоа клириците во парохиите и манастирите, верниците и монасите се повикани да се молат, да се обединат во соборниот дух, бидејќи едномислието на Црквата во нејзината полнота во текот на соборот е манифестација на единството или општењето во верата, стои во прогласот на Романскиот Патријарх Данаил.

/ДВЕРИ.БГ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *