
459
1
Компјутерски специјалисти од Романија создале нова социјална мрежа, алтернатива на Фејсбук, но наменета за православни христијани. Целта е да се споделуваат што повеќе информации за животот на православните христијани.
Името на мрежата е „Сотирас“ и во моментов е до фаза на тестирање. За изградбата на оваа социјална платформа има благослов и од романски монаси на Света Гора.
Она што е интересно е што во фазата на регистрација на мрежата стои предупредување дека нема да бидат дозволени „екстремистички православни форми“ на изразување ставови.
Инаку името на мрежата од грчки превод означува „Спасител“.
Веќе 3 години постои македонски православен фејсбук.
pravoslavna.mk