Почетна Вести Европа Римскиот колосеум вечерва ќе свети во црвено
Римскиот колосеум вечерва ќе свети во црвено

Римскиот колосеум вечерва ќе свети во црвено

156
0

Римскиот колосеум вечерва ќе светне во црвено, а паралелно во исто време во црвена боја ќе бидат осветлени и катредралните цркви „Свети Павле” во Мосул, Ирак и маронитската црква „Свети Илија” во Алепо, Сирија.

Целта е да се потсети на прогонетите христијани во светот. Иницијатор на настанот е Папската фондацијата „Помош за црквата во неволја”.

По познатата римска фонтана „Треви”, која беше осветлена во црвено на 29 април 2016 година, фондацијата „Помош за црквата во неволја” повторно ја нуди на италијанската престолнина оваа „умерена провокација”, како што ја нарече директорот на фондацијата Алесандро Монтедуро за време на прес-конференција за настанот.

На овој настан учество потврдија Генералниот секретар на Епископската конференција на Италија, монс. Нунцио Галантино и претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тијани. На истиот настан ќе присуствуваат и сведочат сопругот и ќерката на пакистанската христијанка Асија Биби, која веќе повеќе од 3 илјади дена е во затвор, која е осудена на смртна казна поради обвинение за богохулење, како и Ребека Битрус, исто така, киднапирана и малтретирана од терористите на исламистичката група Боко Харам.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *