Почетна Вести Рилскиот манастир бара лекар
Рилскиот манастир бара лекар

Рилскиот манастир бара лекар

820
0

Најголемиот манастир во Бугарската Православна црква, кој има и најмногу монаси, Рислкот Манастир има потреба од лекар, но не може да најде медицински персонал кој ќе сака да работи во манастирот.

Монасите велат дека манастирот секојдневно е посетуван од стотици гости и дека се случуваат настани за кои е потребна медицинска интервенција. Пред некој ден имало смртен случај на гостин, за кој монасите велат дека можеби ќе преживеел, ако имало лекар во Манастирот. Потенцираат дека тие помагаат кога се во можност, но сепак лекар е неопходен. Сега за каква било интервенција се чека кола на брза помош која треба да помине повеќе од 2о километри.

Во составот на манастирскиот комплекс има и лекарски кабинет, а до пред извесно време имало и лекар кој доаѓал на работа, но тој сега е пензиониран.

Манастирот е во рамки на Ќустендилската област и тамошниот центар за брза помош е задолжен да обезбеди лекарски персонал. Но, тоа оди тешко бидејќи речиси е невозможно да се обезбеди условите кои ги бараат лекарите, а тоа е седум часовно работно време од една страна и ниските плати за таа работа од друга. Манастирот се наоѓа на два часа патување по локален и тесен пат што исто така е причина поради која лекарите не се нафаќаат за работа.

Рилскиот манастир предлага и бесплатен престој за лекарот кој би се нафатил, како и храна и дополнителна плата за деноноќен ангажман. Монасите се надеваат дека најбрзо што може ќе се најде лекар кој же биде дел од мисијата на светата обител.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *