Почетна Вести Ислам Ријасетот на ИВЗ отфрла дека учествувал на седницата на Бузаку
Ријасетот на ИВЗ отфрла дека учествувал на седницата на Бузаку

Ријасетот на ИВЗ отфрла дека учествувал на седницата на Бузаку

37
0

Членовите на Ријасетот на ИВЗ официјално се изјаснија дека не учествувале на состанок врз основа на кој Основниот суд Скопје 2 донел одлука за разрешување на Сулејман Реџепи од поглавар на ИВЗ и именување на Скендер Бузаку на негово место. Нивните изјави, почнувајќи од Сулејман Реџепи и останатите членови се заверени на нотар и ќе се користат како доказ во жалбената постапка против првостепената одлука.

Со целосна морална, материјална и  кривична одговорност изјавувам дека никогаш досега во оваа институција и во нејзиниот највисок орган – Ријасетот, не сум поднел неотповиклива оставка од позицијата реис ул -улема на ИВЗ“-изјави Сулејман Реџепи, претседател на ИВЗ.

Скендер Бузаку бара Сулејман Реџепи да замине од позицијата и потоа да се жали. Бузаку вели дека состанокот на Ријасетот е одржан, но без да даде детали за местото на одржувањето, додавајќи дека членовите на Ријасетот го промениле ставот како последица на заканите од Реџепи.

Сите внатрешни процедури се испочитувани на демократски начин. Доколку има некаква жалба може да поднесе приватна или друга жалби, но според судската одлука тој треба да ја напушти функцијата и потоа да се утврди како течела целата постапка“-рече Скендер Бузаку.

Вчера ИВЗ презентираше документи за кои велат дека се доказ за фалсификувањата кои ги направил Скендер Бузаку. Според нив, Бузаку го фалсификувал записникот, потписите на членовите на Ријасетот, печатите и регистрите на ИВЗ, како и изјавата на Реџепи за негова оставка. Одлуката на Судот беше објавена и на Службен весник. ИВЗ таквата одлука ја оцени како пуч, а одлуката на судот ја нарече политички мотивирана.

/AlsatM

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *