Почетна Политичка теологија Религијата нема големо влијание во секојдневниот живот на граѓаните во Македонија
Религијата нема големо влијание во секојдневниот живот на граѓаните во Македонија

Религијата нема големо влијание во секојдневниот живот на граѓаните во Македонија

246
0

Религија.мк, во следниот период поединечно, со анализа ќе ги објави сите прашања од обемното истражување за перцепцијата на граѓаните за религиите во Македонија, спроведено со ИПИС, а поддржано од фондацијата Конрад Аденауер.

Религиозните учења во Македонија немаат големо влијание во секојдневниот живот на граѓаните.

Истражувањето на Религија.мк, ИПИС и КАС, покажува дека иако степенот на религиозност е прилично висок, како и огромниот процент на религиска определба на граѓаните, сепак влијанието на религијата врз граѓаните не го одразува тој процент.

vlijanie-2На прашањето: „Какво влијание има религиозното учење во вашите секојдневни животи?“,

„Големо“ одговориле само 25% од испитаниците, „Донекаде големо“ 30.3%, а „Многу мало“ и „Нема влијание“ избрале 27.7 % односно 13.8% од анкетираните.

vlijanie-1Анализата на ова прашање го покажува идентичниот резултат како и за религиозноста на граѓаните според верската припадност. Односно религиозните учења имаат многу поголемо влијание кај Муслиманите, наспроти Православните христијани. Испитаниците Муслимани одговориле дека религијата во нивниот секојдневен живот има поголемо влијание во 58,3% а во 15,8% донекаде големо, што заеднички прави бројка од 74,1% испитаници, кај кои во поголем, или во помал обем Религиските учења имаат секојдневно влијание.

Кај православните Христијани пак тој процент е значително помал. Само во 15,6% влијанието на религијата во живото е „големо“, а во 35,1% „донекаде големо“. Вкупниот процент на влијание кај православните Христијани е 50.7%.

Сличен сооднос има и во процентот на оние кои се изјасниле дека религиозните учења немаат никакво влијание врз секојдневниот живот. Кај Муслиманите такви случаи се 2.5%, а кај православните Христијани 15,3%.

Во речиси идентични проценти овој резултат се отсликува и во анализата за етничката припадност на испитаниците.

vlijanieРелигиските учења најголемо влијание имаат кај луѓето кои живеат во селските средни, а најмало влијание има кај испитаниците од Скопје.

(ПРОДОЛЖУВА)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *