Почетна Политичка теологија Религијата и политиката – голема научна дебата
Религијата и политиката – голема научна дебата

Религијата и политиката – голема научна дебата

203
0

Голема научна дебата за релациите на религијата и политиката организираат Македонското политолошко друштво и Православниот Богословски Факултет – Свети Климент Охридски.

Станува збор за дебата со широк спектар на учесници, кои од различни аспекти ќе го анализираат македонското општество, кое структурално е дефинирано по Устав како секуларно, но исто време во самиот Устав се наброени и пет цркви и верски заедници, кои на еден или на друг начин се поврзани со историскиот континуитет на државата.

Учесниците во дебатата ќе зборуваат за практикувањето на религијата во Македонија, блискоста на религијата и политиката, односите на државата и верските заедници.

Честопати во Македонија постојат дилеми околу границите на секуларноста на општеството и влијанието на религијата во политичките процеси и обратно, што многупати е и јасно видливо.

На дебатата ќе учествуваат претставници и на верските заедници, универзитетски професеори, експерти.

Воведничари во дебатата ќе бидат Европскиот Митрополит на МПЦ-ОА, Владиката Пимен, Универзитетскиот професор Цане Мојановски, професорот од Факултетот за Исламски Науки, Хасан Џило и отец Милан Ѓорѓевиќ, продекан на Богословскиот факултет.

Меѓу учесниците се и универзитетските професори, Александар Спасеновски, Ратомир Грозданоски, Славејко Сасајкоски, Владимир Божиновски.

На дебатата ќе зборуваат и Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, деканот на Богословскиот Факултет, Ѓоко Ѓоргевски, професорот Марјан Ѓуровски – претседател на Македонското Политолошко Друштво, како и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски.

Големата научна дебата е во четврток на 13 декември 2018 година, во просториите на Православниот Богословски факултет во Скопје.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *