Почетна Вести Реконструкцијата на Али-пашината џамија во Охрид ги подгреа страстите
Реконструкцијата на Али-пашината џамија во Охрид ги подгреа страстите

Реконструкцијата на Али-пашината џамија во Охрид ги подгреа страстите

370
0

Заштитата на верските објекти, без оглед дали се од христијанска или исламска архитектура не смее да се злоупотребува во политички цели, вели директорката на охридскиот Завод и музеј.

Реконструкцијата на Али Пашината џамија лоцирана во охридската чаршија ги подгреа страстите во јавноста, бидејќи во непосредна близина на џамијата се откриени остатоци од христијански верски објект.

Џамијата е споменик на култира заштитен уште од 1968 година-вели директорката, нагласувајќи дека во непосредна близина на џамијата има остатоци од ранохристијанска базилика,откриена уште во 1976 година,но таа нема да биде уништена.

Паскали Бунатшеска појасна дека истата не е целосно доистражена,бидејќи мозаиците се протегаат под сите околни објекти.

И ова не е единствен случај, врз темелите на сите значајни верски објекти за време на османлиите во Охрид се градени џамии.

-Сите објекти се такви, по кажувањата се знае дека под секоја џамија имало и црква, ама тоа било 15 век и сега што мислите дека треба да ги рушиме сите џамии за да ги возобновиме црквите? Совршено е исти пристапот дали ќе градиме камбанарија или минаре, ако тоа законот ни го дозволува ние подеднакво ги третитаме објектите.- Изјава Тања Паскали Бунташеска-Дирeктор на Завод и музеј Охрид.

Наумовиот манастир и црквата Свети Архангели, како и Климентовиот манастир и црквата Свети Пантелејмон во Охрид се првите споменици на словенската црковна архитектура и уметност, кои во турскиот период биле урнати. И Света Софија, најголемиот и најважен културно – историски споменик, еден од најзначајните во Република Македонија, ја менувал својата намена.

Повеќевековната соборна црква на Охридската архиепископија била претворена во џамија, потоа станала магацин, а од 1912 година повторно црква.

Денес сите споменици на култура според постојните закони мора да се заштитуваат, конзервираат и реставрираат.

– Дали се работи за верски објект, од исламска или од христијанска архитектира ние сме овде професионалци и треба да постапиме подеднакво на конзервација на  сите објекти и така постапуваме и многу ми е криво затоа што сите наши проекти досега се злоупотребени во политички цели.-Изјава Тања Паскали Бунташеска.

/АЛФА ТВ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *